• недела, 22 декември 2024

Османи-Шуц: Консултации во врска со претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ

Османи-Шуц: Консултации во врска со претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ
Скопје, 16 ноември 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ја прими директорката за Југоисточна Европа, Турција, ОБСЕ и Советот на Европа во Министерството за надворешни работи на Германија, Сузане Шуц, со која покрај предавањето на договорите за Берлинскиот процес, оствариле консултации во врска со претстојното претседавање на Северна Македонија со организацијата како и споделување на искуствата од германското претседавање во 2016 година.

Како што соопшти МНР, соговорниците разговараа за актуелните случување во регионот на ОБСЕ и пошироко, приоритетите на Северна Македонија за време на претседавањето, особено потенцирајќи го моментот што нашата земја го преземе претседавањето со ОБСЕ во период на отворена агресија против земја учесничка. Воедно, разговараа и за гледиштата и перспективите на земјите-членки на ЕУ и другите стратешки партнери за различни прашања од значење за Организацијата.

-Министерот Османи го пофали лидерството на Германија во рамките на мултилатералните форуми, вклучително и истакнатата улога во унапредувањето на процесите за безбедност и соработка во регионот на ОБСЕ и пошироко, стои во соопштението.

Северна Македонија ќе претседава со ОБСЕ во 2023 година, кое ќе следи по претседавањето на Полска. Министерот Османи при презентацијата на приоритетите во Виена истакна дека како претседавач со организацијата во 2023 година конфликтот во Украина и намалување на далекусежните последиците од кризата ќе биде наш висок приоритет. вг/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан