• понеделник, 23 декември 2024

Орпо: Се очекува се повеќе баратели на азил да пристигнуваат од Русија

Орпо: Се очекува се повеќе баратели на азил да пристигнуваат од Русија

Хелсинки, 27 ноември 2023 (МИА) - Финскиот премиер Петери Орпо денеска изјави дека неговата земја очекува се повеќе и повеќе баратели на азил да пристигнуваат на нејзината граница преку Русија. 

Затоа, истакнува шефот на финската Влада, неговата земја планира да преземе дополнителни мерки за запирање на приливот на потенцијални баратели на азил, откако сите гранични премини, освен еден, беа затворени во последните недели, пренесуваат британските медиуми.

- Разузнавачките информации од различни извори ни кажуваат дека се уште има луѓе кои имаат намера да дојдат во нашата земја од правец на Русија, па доколку вака продолжи, ќе бидат објавени повеќе мерки, изјави Орпо. 

Британските медиуми забележуваат дека во ноември во Финска од Русија влегле околу 900 баратели на азил од земји како Авганистан, Кенија, Мароко, Пакистан, Сомалија, Сирија и Јемен.

Според податоците на финската гранична стража, ова претставува зголемување во споредба со помалку од еден дневно во претходниот период. 

Финска за ваквата ситуацијата го обвинува рускиот граничен протокол и тоа го нарекува хибриден напад, но Москва ги отфрли таквите обвинувања. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан