• недела, 22 декември 2024

Организација на потрошувачи смета дека е корисна есенската кошничка, но потребни се подолготрајни мерки за заштита на граѓаните

Организација на потрошувачи смета дека е корисна есенската кошничка, но потребни се подолготрајни мерки за заштита на граѓаните

Штип, 19 септември 2024 (МИА)  - Организација на потрошувачи на Македонија (ОПМ) не е вклучена во дискусијата за правењето на кошничките, со кои ќе се намалуваат цените на производите. Но, според претседателката на Организација на потрошувачи на Македонија, Маријана Лончар Велкова оваа мерка е корисна, но кракторајна.

-Законот за нефер трговски практики е многу битен да се примени. Заради тоа што, тука имаме покрај оние што се  сто производи, кои есенски ќе се намалат цените. Тие секако влегуваат во Законот за нефер трговска практика, вели Лончар Велкова.

Забележа дека со овој Закон индиректно се заштитуваат потрошувачите, бидејќи трговците ќе ги намалат маржите на 2.500 производи, коишто им ги набавуваат добавувачите и со тоа што нема да им наметнуваат други давачки.

-Тука е добро за потрошувачите, а ова е конкретна мерка за тие 100 производи за потрошувачите, изјави Лончар Велкова.

Што се однесува за Законските измени за брзите кредити, ставот на Организација на потрошувачи е дека тие се добри, а единствена забелешка им била што доцна биле донесени Правилниците.

-Она што ние имавме замерка е дека правилниците коишто требаше да се донесат не се донесоа веднаш, туку се пролонгираше подолго време јули месец фати, август дека сега ќе почне примена на Правилниците и дека тие уште им дозволуваат на финансиските друштва истите ситуации кои беа. Но еве сега август, септември престанува тоа, односно ќе важат и правилниците. Добро се устроени, сепак под одредена контрола. Да речеме кога ги потпишуваат договорите треба доволен рок да им се даде на луѓето, да има чек листа на договорите, да се штиклираат онлајн кога се потпишуваат, да се види дека тие ги разбрале, бидејќи многу од нив не ги разбираат. Многу од нив ги земаат брзите кредити здраво за готово, вели Лончар Велкова.

Таа додаде дека се во исчекување на носење на Закон за финансиски обдусман, и како Организација на потрошувачи сакаат да бидат вклучени во работната група.

Инаку, Органзиација на потрошувачи на Македонија денеска во Штип реализираше работна средба со потрошувачите и невладини организации во Штип во врска со проектот „Јакнење на правата на потрошувачите во финансиските услуги“. Претседателката на ОПМ Лончар Велкова истакна дека како овластено тело дејствуваат за заштита на колективните интереси на потрошувачите, односно за промовирање на алатката за пријаување на проблем. вдј/сст/

Фото: МИА 

Остани поврзан