• недела, 22 декември 2024

Организаторите на ОИ во Париз се соочуваат со проблеми со големиот прекин на компјутерските системи во светот

Организаторите на ОИ во Париз се соочуваат со проблеми со големиот прекин на компјутерските системи во светот

Париз, 19 јули 2024 (МИА) - Организаторите на Олимписките игри во Париз денеска соопштија дека се соочуваат со проблеми поврзани со големиот прекин на компјутерските системи во светот.

„Париз 2024 е свесен за глобалните технички проблеми што влијаат на софтверот на Мајкрософт. Тие проблеми влијаат на ИТ операциите на ОИ во Париз 2024 година“, велат организаторите.

Претходно француската агенција за кибер безбедност соопшти дека се уште немаат докази дека глобалниот прекин на ИТ што погоди авиокомпании, банки, медиуми и други бизниси бил предизвикан од кибер напад

„Тимовите се целосно мобилизирани за да ги идентификуваат и поддржат засегнатите ентитети во Франција и да го разберат потеклото на овој прекин“, соопшти националната агенција за кибер безбедност (ANSSI), додавајќи „Нема докази што сугерираат дека овој прекин е резултат на кибер напад“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан