• петок, 05 декември 2025

Орбан: Унгарија нема да ја признае пресудата против претседателот на РС Милорад Додик

Орбан: Унгарија нема да ја признае пресудата против претседателот на РС Милорад Додик

Будимпешта, 2 август 2025 (МИА) – Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Унгарија нема да ја признае пресудата против претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Орбан, на предавање на MCC фест во Естергом, рече дека е „неприфатливо“ „намесник“ назначен од Европската унија да го смени и му суди на претседателот избран од босанските Срби, пренесува МТИ.

Унгарскиот премиер додаде дека тој чекор не е преземен поради корупција, туку затоа што Додик не спровел одредени одлуки што дошле од ЕУ.

Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина вчера ја потврди првостепената пресуда на Додик, со која тој беше осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење на функцијата претседател на Република Српска, поради неспроведување на одлуките на високиот претставник во Босна и Херцеговина. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан