• петок, 05 декември 2025

Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин

Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин

Будимпешта, 16 август 2025 (МИА)  - Светот е побезбедно место по средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин во Алјаска, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Со години гледавме како двете најголеми нуклеарни сили ја елиминираат рамката на нивната соработка и си испраќаат пораки едни на други“, напиша Орбан на Фејсбук.

Тој додаде дека сега таа практика е завршена.

„Светот денеска е побезбедно место отколку што беше вчера“, рече Орбан.

Светските лидери денес реагираа на самитот меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин, а како што објавија медиумите, реакциите беа поделени - некои го критикуваа недостатокот на конкретни резултати, додека други ја нагласија важноста на самиот дијалог.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан