• петок, 05 декември 2025

Општина Штип и ЈП „Стипион“ предупредуваат на лажна објава за јавниот превоз во Штип

Општина Штип и ЈП „Стипион“ предупредуваат на лажна објава за јавниот превоз во Штип

Штип, 8 октомври 2025 (МИА) – Општина Штип и Јавното претпријатие(ЈП) „Стипион“ преку писмено соопштение предупредуваат на лажна објава за бесплатен јавен превоз и укажуваат дека станува збор за измама, која може да  собере лични или платежни податоци.

-Во јавноста се појави лажна објава со наслов: „Бесплатен јавен транспорт за жителите на Штип“ и линк кој води до сомнителна интернет-страница (tucitta.com ). Ве информираме дека станува збор за измама – не постои никаква официјална промоција, бесплатни картички или акција од ЈП „Стипион“ или Општина Штип.

Наведената страница е небезбедна и може да собира лични или платежни податоци на корисниците, се вели во соопштението на Општина Штип и на ЈП „Стипион“.

Граѓаните на Штип се повикуваат  на внимателност и одговорно постапување, односно никако да не кликнуваат на сомнителни линкови и да не внесуваат лични или банкарски податоци.

- Проверувајте информации исклучиво преку официјалните страници на ЈП „Стипион“ и Општина Штип. Доколку сте кликнале на линкот, веднаш сменете ги вашите лозинки, контактирајте ја вашата банка и пријавете го случајот во полиција. Ве молиме бидете внимателни и не верувајте на непроверени објави, се вели во соопштението.

Официјални информации за јавниот превоз се објавуваат единствено преку каналите на ЈП „Стипион“ и Општина Штип.

Општина Штип. вдј/мд/

Фото: МИА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан