• петок, 21 февруари 2025

Општина Штип до граѓаните и фирмите ќе испорача околу 18.300 решенија за данок на имот

Општина Штип до граѓаните и фирмите ќе испорача околу 18.300 решенија за данок на имот

Штип, 15 јануари 2025 (МИА) - Општина Штип почна да изготвува нови решенија за данок на имот за 2025 година, а овој данок домаќинствата и фирмите треба да го платат на сметката на општината. Драган Каров од Одделението за даноци во Општина Штип денеска изјави дека дистрибуцијата на новите решенија на данок на имот ќе почне за 15 дена или во февруари.

-Во претходната година сме доставиле 17.930 решенија, а годинава Одделението ќе испорача околу 18.300 решенија за данок на имот. Лани очекуваниот износ за прибирање на средства од данок на имот бил 54 милиони денари, а сега општината планира да собере по основ на данок на имот на физички и правни лица 60 милиони денари, вели Каров.

Тој ги повика граѓаните до 31 јануари, какошто е и законскиот рок да извршат ажурирање на своите податоци, на промените на недвижниот имот, доколку имале во текот на 2024 година. Посочува дека ова е со цел доставените решенија за данок на имот да бидат точни. Со цел решенијата да се доставуваат и  во електронска форма, Каров апелираше до граѓаните и фирмите на шалтерите во едношалтерскиот систем да достават и мејл адреса

-Исто така ги повикуваме во текот на 2025 година на шалтерите во општината да извршат ажурирање на своите податоци, со што ќе достават и мејл адреса, која во иднина ќе ја користиме за дигитализација на процесот на достава на решенијата за данок на имот, вели Каров. вдј/дма/

Фото: МИА

 

Остани поврзан