• недела, 22 декември 2024

Општина Центар достави до Уставен суд одговор на иницијативата против „Мораториумот“

Општина Центар достави до Уставен суд одговор на иницијативата против „Мораториумот“
Скопје, 21 октомври 2020 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ, денеска во Уставниот суд на Република Северна Македонија достави одговор на Иницијативата за оцена на уставноста и законитоста на Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови од 27.3.2019 година, информираат од Општината. - Врз основа на тврдења наведени во Иницијативата, ја информираме јавноста  дека Деталните урбанистички планови кои што се опфатени во Одлуката за начиниот на применување на деталните урбанистички планови од 27.3.2019 година, не се усогласени по ниту еден основ со Генералниот урбанистички план на Град Скопје од 2012 до 2022 година.  ДУП-те кои се опфатени со одлуката од страна на Општина Центар, се констатирани како штетни и како локална самоуправа сметаме дека директно и индиректно ќе влијаат врз загрозување на животот и правата на граѓаните кои произлегуваат од планската документација, доколку останат во сила, се вели во соопштението од Општина Центар. Донесувањето и спроведувањето на деталните урбанистички планови претставува дел од двостепеноста на системот на урбанистичкото планирање. - Според тоа, ниту едно право, вклучувајќи го и правото на сопственост, не смее да биде исклучиво над друго право. Генералниот урбанистички план на Град Скопје од 2012 до 2022 и деталните урбанистички планови, не смеат и не ги третираат поединечните права како исклучиви над преостанатите поединечни права. Од тие причини, Општина Центар смета дека Иницијативата од страна на подносителите е неоснована, стои во соопштението. Од Општина Центар, информират, дека се очекува позитивен исход од Уставниот суд, со што нема да поведе постапка по однос на поднесената Иницијатива. аа/скс/

Остани поврзан