• понеделник, 23 декември 2024

Општина Струмица создава поволни услови за инвестирање во нови деловни објекти и станбени единици

Општина Струмица создава поволни услови за инвестирање во нови деловни објекти и станбени единици
Струмица, 7 јули 2022 (МИА) - Со инвестиција од 8,7 милиони денари во реконструкција на цевководи за чиста и техничка вода, Општина Струмица создава поволни услови за инвестирање во нови деловни објекти и станбени единици. Ова го истакна градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој заедно со директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Горгиев извршија увид во градежните активности на парцелата од левата страна на излезот од градот кон Радовиш за подобрување на водоводната инфраструктура, односно премостување на водоводната мрежа. Струмичкото комунално претпријатие ќе изврши реконструкција на цевководите за чиста и техничка вода во вкупна должина од 278 метри. рт/рп/

Остани поврзан