Општина Струмица промовираше QR код за пристап до апликацијата за следењето на аерозагадувањето
- Општина Струмица денеска промовираше нова, иновативна, форма за пристап до апликацијата за следење на аерозагадувањето преку сензорните монитори кои беа поставени на 6 локации во градот на 8-ми овој месец, информираа од локалната самоуправа. Како што се наведува, секоја граѓанин со пристап до QR кодот со својот мобилен телефон може да ја отвори апликацијата без да се поврзува на официјалната страница на Општината.
Струмица, 26 мај 2025 (МИА) - Општина Струмица денеска промовираше нова, иновативна, форма за пристап до апликацијата за следење на аерозагадувањето преку сензорните монитори кои беа поставени на 6 локации во градот на 8-ми овој месец, информираа од локалната самоуправа.
Како што се наведува, секоја граѓанин со пристап до QR кодот со својот мобилен телефон може да ја отвори апликацијата без да се поврзува на официјалната страница на Општината.
-QR кодот за достапност на граѓаните, особено младите, може да биде поставен на билборди, на табли во институции, училишта, болници, паркови, улици и слично, каде секој може да има пристап. Со активирање на QR кодот, со сликање од мобилен телефон, се отвора апликацијата за следење на квалитетот на воздухот во живо во општина Струмица, стои во информацијата.
Со активирање на апликацијата може да се следат концентрации на РМ2.5 во живо на 6 локации во градот Струмица. Соодветна боја го покажува нивото на квалитет на амбиентален воздух на секоја локација одделно, можност за кликнување на произволна локација со што се зумира истата и дава детални информации за избраната локација и прикажување на ниво на концентрации на РМ2.5 за период од 7 изминати денови (неделен преглед), што овозможува да се следи квалитетот на воздухот на секоја локација одделно со можност за анализа на голем број на податоци. рт/сст/
Фото: Општина Струмица