Општина Струмица постави специјални контејнери за собирање текстилен отпад
- На повеќе локации во Струмица се поставени специјални контејнери за селектирање и собирање текстилен отпад, донација од компанијата „ЕКО-ТЕКС ГРУП“ од Скопје, информираа денеска од Општината.
Струмица, 19 декември 2025 (МИА) - На повеќе локации во Струмица се поставени специјални контејнери за селектирање и собирање текстилен отпад, донација од компанијата „ЕКО-ТЕКС ГРУП“ од Скопје, информираа денеска од Општината.
Се додава дека градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, преку Одделението за заштита на животната средина воспоставил мрежа за собирање на текстилен отпад на територијата на општината.
-Контејнерите се поставени за да се поттикне реупотребата и рециклирањето и намалување на количините текстилен отпад што завршуваат во мешаниот комунален отпад, се наведува во информацијата.
Инаку, контејнерите за текстилен отпад се поставени во општинските основни и средни училишта-ООУ„Никола Вапцаров“, ДСУ РЦСОО „Никола Карев“, СОУ „Јане Сандански“, СОУУД „Димитар Влахов“, ООУ „Маршал Тито, како и во Општинската организација на Црвен крст во Струмица и поранешниот Дом на АРМ.
На крајот се додава дека Општина Струмица продолжува со реализација на активности насочени кон заштита на животната средина и подигнување на еколошката свест кај граѓаните.рт/вј/
Фото: Општина Струмица