• петок, 22 ноември 2024

Општина Струмица објави јавен повик за финансиска поддршка за редовни ученици со попреченост

Општина Струмица објави јавен повик за финансиска поддршка за редовни ученици со попреченост

Струмица, 4 октомври 2024 (МИА) - Општина Струмица денеска објави јавен повик за финансиска поддршка во една наставна година за редовните ученици со попреченост со наод и мислење во училиштата во Општина Струмица во наставната 2024/2025 година.

Повикот е објавен на општинската веб страница, а финансиската поддршка изнесува 1.500 денари месечно во времетраење од 9 месеци.

Средствата може да ги добива ученик доколку е редовен ученик со попреченост од прво до деветто одделение и од прва до четврта година запишан во општинските основни и средни училишта во општина Струмица и во ДСУ-РЦСОО “Никола Карев” – Струмица.

Покрај тоа, треба да поседува документација за вид и степен на попреченост, редовно да ја посетува наставата, да има успешен премин во следната учебна година (свидетелство за претходната учебна година) и на родителот/старателот кој аплицира во име на ученикот за финансиска поддршка да не му е одземено родителското право, односно старателството. рт/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан