Општина Струмица набави ново комунално возило за собирање смет
- Општина Струмица набави ново специјализирано возило за собирање смет во вредност од 105.509 илјади евра со капацитет од 16 метри кубни и моќност на моторот од 180 киловати.
Струмица, 29 август 2022 (МИА) - Општина Струмица набави ново специјализирано возило за собирање смет во вредност од 105.509 илјади евра со капацитет од 16 метри кубни и моќност на моторот од 180 киловати.
Како што информираат од Општината, возилото од марката „Ford Truks“ има и инсталиран систем за подигање и празнење на кантите за отпадоци од повеќе зафатнинини.
Возилото е набавено од компанија од Скопје која понудила најниска цена по распишаната јавна набавка од Општината во мај годинава.
Средствата за купување на ова возило се обезбедени од Бирото за комунален развој, а според локалната самоуправа возилото ќе пристигне во Струмица по завршувањето на царинските формалности. рт/цр