• понеделник, 23 декември 2024

Општина Струга аплицираше за реализација на проектот „Една точка на услуги“

Општина Струга аплицираше за реализација на проектот „Една точка на услуги“
Струга, 20 април 2021 (МИА) – Општина Струга аплицираше за примена на проектот „Една точка на услуги“, преку кој граѓаните ќе може да добијат повеќе услуги и информации од повеќе државни институции на еден шалтер. Со тоа, како што истакна градоначалникот Рамиз Мерко, значително ќе се намали времето на чекање за добивање на услугите. Тој посочи дека во Општинската зграда, обезбеден е простор за реализација на овој, како што нагласи значаен проект за Струга и стружани. -         Од министерот за информатичко општство и администрација Јетон Шаќири добив уверување дека по обезбедување на локацијата ќе бидат забрзани процедурите за обезбедување една точка која ќе го подобри квалитетот на услугите за граѓаните на Струга, рече Мерко. Преку системот „Една точка за услуги“, граѓаните на едно место ќе можат да добијат повеќе услуги и информации од министерствата за внатрешни работи, за транспорт и врски, за труд и социјална политика, Управата за јавни приходи, агенциите за катастар на недвижности и за вработување, Централниот регистар, Фондот за здравствено осигурување, Управата за водење матични книги, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување... сс/аа/

Остани поврзан