• петок, 05 декември 2025

Општина Ресен објави повик до фирмите за навремено подмирување на даночните обврски

Општина Ресен објави повик до фирмите за навремено подмирување на даночните обврски

Ресен, 28 октомври 2025 (МИА) - Општина Ресен објави јавен повик до граѓаните и правни лица кои се даночни и таксени обврзници да ги подмират своите обврски по основ данок на имот и комунална такса и со тоа да придонесат за развојот на општината.

Од тамошната локална самоуправа информираат дека даночната администрација на Општина Ресен ги доставила решенијата за данок на имот и комунална такса, за 2025 година со што создадени се услови за навремено подмирување на законските обврски.

-Секој граѓанин даночен обврзник треба да знае дека со навремено подмируваме на данокот на имот, го полни директно општинскиот буџет, преку кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за развојот на општината. Затоа потребно е граѓаните на Општина Ресен кои се даночни обврзници по основ на данокот на имот и сите правни лица и трговци поединци, обврзници по основ на комунална такса за назив на фирма и данок на имот  за правни лица да ги платат решенијата за данок на имот и комунална такса, за 2025 година, нагласуваат од тамошната локална самоуправа.

Рок за извршување на обврската за подмирување на даноците согласно Законот за даноците на имот е 15 ноември, посочија од Општина Ресен. мт/мд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан