• петок, 22 ноември 2024

Општина Пехчево со акција за санирање на ударните дупки на најоштетените улици

Општина Пехчево со акција за санирање на ударните дупки на најоштетените улици
Пехчево, 21 јуни 2022 (МИА) - Во Пехчево започна акција за санирање на ударни дупки на улиците и крстосниците, информираа од Општината, потенцирајки дека со активноста ќе бидат опфатени улици кои се меѓу најоштетените во градот.
-Санирање на ударните дупки имаме од влезот во Пехчево од страната на Делчево, потоа од улица  „Јулија Веселинска" до улица „Илинденска", а опфатена е и самата улица „Илинденска" како и улицата „Даме Груев", информираа од Општината.
Оттаму апелираа за трпеливост од страна на граѓаните заради отежнатиот сообраќај.
-Активностите за санирање на ударни дупки се при крај, и затоа освен за трпение, апелираме и за внимателно возење по улиците, додадоа од Општината.
Активностите се реализираат во пресрет на одбележувањето на Празникот на градот и најавениот Фестивал на дувачки оркестри кој ќе се одржи во месец јули.вс/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан