• недела, 22 декември 2024

Општина Неготино претстави проект вреден 13.688.779 денари за реконструкција на улици

Општина Неготино претстави проект вреден 13.688.779 денари за реконструкција на улици
Неготино, 19 август 2021 (МИА) - Општина Неготино претстави проект вреден 13.688.779 денари за реконструкција на улици. - Изминатиот понеделник заедно со претставници на проектната единица на Министерство за финансии на Република Северна Македонија, претставници на фирмата изведувач Ленди Груп од Скопје и надзорот Павер Трејд ДООЕЛ Кавадарци, извршивме вовед во работа во рамки на проектот  „Реконструкција на девет улици во град Неготино“. Проектот опфаќа реконструкција на улиците „Вељко Влаховиќ“, „Енгелсова“, „Пиринска“, „Првомајска“, „Тиквешка“, „Вардарска“, „Ѓоко Мишев“, „Вано Ташев“ и дел од улица „Марксова", информираат од локалната самоуправа. Оттаму додаваат дека вредноста на проектот изнесува 13.688.779 денари, финансиран со под-заем преку проектната единица на министерството за финансии на Република Северна Македонија, во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (втор МСИП) поддржан од Меѓународната банка за обова и развој Светска банка. - Според информациите на надлежните, се очекува реконструкцијата на улиците да започне во најкраток можен рок, посочуваат од општината.свд/фф/

Остани поврзан