• петок, 05 декември 2025

Општина Неготино организира забава за почетокот на новата учебна година 

Општина Неготино организира забава за почетокот на новата учебна година 

Неготино, 29 август 2025 (МИА) - Во понеделник на градскиот плоштад во Неготино ќе има забава за среќен почеток на учебната година, информираа попладнево од кабинетот на неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. 

-Во понеделник на 1 септември започнува новата учебна 2025/2026 година, а по тој повод, Општина Неготино на градскиот плоштад организира забава за учениците, родителите и сите заинтересирани. Настанот под мотото „За среќен почеток на учебната година“, ќе се одржи во понеделник со почеток од 16:40 минути, а за сите присутни на плоштадот, како организатори подготвивме богата и разновидна програма, посочуваат од кабинетот на градоначалникот.

Како што е најавено, за забавата и расположението ќе се погрижат ди-џеј Боно, присутни ќе бидат и Стела и Сани, а настап ќе имаат и ученици од ООМУ „Владимир Арсовски“ од Неготино.

-Општина Неготино упатува јавна покана до сите граѓани на нашата општина, да повелат на плоштадот и заеднички да го одбележиме почетокот на новата учебна година, додаваат од кабинетот на Стојанов. свд/вј/

Фото: Плакат

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан