• понеделник, 25 ноември 2024

Општина Маврово и Ростуше ќе додели по 3.000 денари на секое прваче

Општина Маврово и Ростуше ќе додели по 3.000 денари на секое прваче

Дебар, 2 септември 2022 (МИА) - Општина Маврово и Ростуше на сите запишани ученици во прво одделение ќе им додели еднократен износ од по 3000 денари, за што едногласна одлука донесе Советот на општината. 

-По предлог на градоначалникот Медат Куртовски, Советот донесе одлука за доделување на еднократен износ од по 3000 денари на сите 35 првачиња. Ваквата исплата ќе стане пракса во секоја наредна учебна година, изјави за МИА, Емир Емруали, одговорен во секторот за образование во општината. 

Додава дека за да го остварат ова право родителите треба да достават потврда дека нивното дете е запишано во прво одделение, копија од лична карта и трансакциска сметка, за да може општината во најкраток рок да им ги префрли средствата. 

Општина Маврово и Ростуше од минатата академска 2021/2022 година, почна да исплаќа финансиски надомест, во износ од по 6.000 денари на студенти кои се со адреса на живеење во општина Маврово и Ростуше,  се запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија, а кои редовно ги полагаат испитите.  

Исто така, од јануари 2018 година општината доделува по 5.000 денари за новороденчиња на семејства кои живеат постојано на територијата на оваа општина. вт/сст/

 

 

  

Остани поврзан