Општина Маврово и Ростуше со еднократна финансиска помош за 44 студенти
- -На јавниот повик објавен во март беа пријавени 45 студенти, редовни и вонредни, но кои не се вработени. По разгледување на доставените пријави, соодветната комисијата, одлучи 44 од нив да го остварат ова право, што е за 25 студенти повеќе. Набрзо се очекува средствата во износ од по 12 илјади денари, што е за 2 илјади повеќе во однос на минатата академска години да им бидат исплатени, рече за МИА, Фикрет Ибраими, одговорен во секторот за информрање.
Дебар, 1 април 2026 (МИА) - Во Општина Маврово и Ростуше, во оваа академска учебна година, право на еднократна финансиска помош остварија 44 студенти, запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Македонија за академската 2024/2025 година.
-На јавниот повик објавен во март беа пријавени 45 студенти, редовни и вонредни, но кои не се вработени. По разгледување на доставените пријави, соодветната комисијата, одлучи 44 од нив да го остварат ова право, што е за 25 студенти повеќе. Набрзо се очекува средствата во износ од по 12 илјади денари, што е за 2 илјади повеќе во однос на минатата академска години да им бидат исплатени, рече за МИА, Фикрет Ибраими, одговорен во секторот за информирање во општината.
Според него оваа финансиска помош се доделува, петта година по ред, со цел мотивирање на младите да го продолжат школувањето на високо образовните институции и да се трудат редовно да ги полагаат испитите.
Оваа можност, која може да ја остварат само студенти кои се постојани жители во општината, почна да се аплицира од академската 2021/22 години, и до сега ја оствариле 150 студенти.
Општина Маврово и Ростуше од 2018 година еднократен паричен надоместок доделува и за секое новороденче, во семејства, кои живеат постојано на територијата на општината, а петта година по ред, во септември беше исплатен и надоместок за секое прваче.вт/вј/
Фото: МИА