• петок, 05 декември 2025

Општина Куманово потпиша договори со здруженија на граѓани и правни лица за реализација на проекти од здравствена и социјална заштита

Општина Куманово потпиша договори со здруженија на граѓани и правни лица за реализација на проекти од здравствена и социјална заштита

Куманово, 14 мај 2025 (МИА) - Општина Куманово денеска го додели договорите за финансиска поддршка на осум здруженија и правни лица кои ќе реализираат проекти од областа на здравствена и социјална заштита. Пет здруженија добија финансиска поддршка за реализација на програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за 2025 година, Здружение на дијабетичари, Здружение на виши и средни медицински сестри, техничари и акушерки, Центар за ромска заедница ДРОМ, здружение „Мајка“, невладино здружение „Љинда“.

- Беше спроведената постапка за јавен повик за финансиска поддршка во спроведување на превентивно – промотивни активности за унапредување на здравјето, преку кампањи од областа на здравствена заштита на здруженија и други правни лица на територија на Општина Куманово. Граѓаните ќе добијат бесплатни услуги совети. За оваа програма одвоени се сто илјади денари, изјави раководителот на секторот за социјална заштита Александар Крстевски.

Во рамки на предвидените активности ќе се организираат едукативни работилници на теми балансирана исхрана кај лицата со дијабетис и правилна употреба на сензори и помагала за мерење на гликемија, советување за рано препознавање на заболувања поврзани со репродуктивно здравје, организирање на едукативна работилница за менопауза кај жени Ромки, едукативна работилница пред средношколците на тема: сексуално и репродуктивно здравје, работилници за заштита на животна средина во основните училишта и засадување на садници.

Договори за програмата за развој на социјална заштита на Општина Куманово за 2025 година, добија здружението „Мајка“, Здружение за едукација, советување и стимулација на лица со посебни потреби „Детска светлина“, Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и здружение за стимулација, едукација и рехабилитација „ЧЕКОР ПЛУС 2022“ – Куманово.

- За оваа програма од буџетот одвоени се 2, 4 милиони денари, изјави Крстевски.

Проектите се однесуваат на различни категории граѓани, лица и деца со попреченост, жртви на семејно насилство. Преку нив се прифаќање и сместување на жртви на родовобазирано и семејно насилство, советување и поддршка на деца жртви на насилство директен третман и имплементација на услугата (логопедски и дефектолошки третман) индивидуални услуги од специјален едукатор и рехабилататор, терапија, сензорна соба и други индивидуални услуги, развој на моторни вештини кај деца со попреченост преку, вежби на атлетска стаза, прошетка во природа, натпреварување, подготовка за спортски активности. ам/дма/


Фото: МИА и Општина Куманово 

 

Остани поврзан