• петок, 22 ноември 2024

Општина Куманово ги повика обврзниците да поднесат пријава за утврдување данок на имот и за фирмарина

Општина Куманово ги повика обврзниците да поднесат пријава за утврдување данок на имот и за фирмарина
Куманово, 3 јануари 2022 (МИА) - Од Општина Куманово денеска ги повикаа граѓаните и правните субјекти да поднесат даночна пријава за утврдување на данок на имот и комунална такса за фирма за тековната година.
Од Секторот за даноци и такси појаснуваат дека даночна пријава треба да поднесат оние даночни обврзници кои стекнале имот во текот на 2021 година, за кој досега не поднеле даночна пријава, потоа обврзниците кај кои настанала промена во сопственоста на имотот или промена во вредноста на имотот како доградба, надградба, проширување, како и сите даночни обврзници кои поседуваат имот што се одданочува, а кои во период од 1994 до 2021 година не поднеле даночна пријава. - Даночна пријава се поднесува до Општината Куманово – Сектор за даноци и такси на чие подрачје се наоѓа имотот најдоцна до 31 јануари 2022 година. Напомена: Даночниот обврзник кој поднел даночна пријава за период од 1994 до 2021 година, а кој нема промена во сопственоста или вредноста на имотот не поднесува нова даночна пријава, појаснуваат од Секторот за даноци и такси. Даночните обврзници кои нема да поднесат даночна пријава во определените рокови, ќе сбидат казнети со парична казна согласно Законот за даноците на имот. ам/бак/  

Остани поврзан