• сабота, 21 декември 2024

Општина Куманово активно работи на реализација на деталниот-урбанистички план за „Стари Лозја“

Општина Куманово активно работи на реализација на деталниот-урбанистички план за „Стари Лозја“

Куманово, 7 октомври 2024 (МИА) - Претставници од општина Куманово, жители на населеното место „Стари Лозја“, претставници од „Хабитат“ и од „Ромалитко“ учествуваа на денешната трета средба за изработка на нов детален урбанистички план во населбата.

Планот ќе опфати 36 хектари од кои Хабитат финансира 21, а шеснаесет хектари ќе финансира „Ромалитико“

- Во партнерство со општина Куманово, Хабитат и Ромалитико работиме на ДУП за оваа населба. Утврдените се стратешките проблеми на кои ќе работиме, утврдени се приоритетите за стратешкиот документ, едната за самиот ДУП, проблемите со кои се соочуваат граѓаните за асфалтирање улици, изградба на подземна инфраструктура, осветлување, зеленило, паркови, изјави Ахмет Јашаровски од секторот за локален економски развој, од општина Куманово.

Драфт верзијата ќе ги опфати и предлозите на жителите. Советот ќе треба да го усвои и да стане дел од годишната програма на општината.

Заменик-директорот на програмата од Хабитат, Лилјана Алчева, изјави дека проектот е дел од светската кампања на Хабитат која се однесува на подобрување на состојбите во домувањето во светот и е наречена „Домот е еднаквост“.

- Чест ни е што сме тука на состанок со локалната лидерска група, ова е значаен ден бидејќи имаме конкретен резултат од нашето заедничко осумнаесетмесечно работење, тоа е тригодишниот акционен план за подобрување на домувањето. Нацрт планот мора да се разгледа за да се стигне навреме за подготовка на годишните програми и буџетот на општина Куманово. Жителите ги одредуваат приоритетите кои треба да бидат вметнати во програмите за долгорочен развој на општината која и самата посветува доволно внимание на развој на таканаречените неформални населби, изјави Алчева.

Хабитат со години соработува со општина Куманово во делот на домувањето и подобрувањето на домувањето.

„Старо Лозја“ имаат постоечки детален урбанистички план, но тој не се совпаѓа со моменталните потреби на населението. Новиот ДУП ќе даде можност за поголем развој на населбата неспоредно до градот и можност за изработка на подземна и надземна инфраструктура. Урбаниот развој подразбира удобности и услови кои им овозможуваат поефикасен пристап до здравствени, образовни установи, за остварување на економски интереси, со добра инфраструктура тротоари, пат, квалитетно делување. ам/цр


Фото: МИА

Остани поврзан