• петок, 22 ноември 2024

Општина Крива Паланка ќе ангажира лица од социјален ризик за вршење јавни работи

Општина Крива Паланка ќе ангажира лица од социјален ризик за вршење јавни работи
Крива Паланка, 17 ноември 2022 (МИА) - Општина Крива Паланка отвори можност за времено ангажирање лица од социјално-загрозени семејства за вршење  јавни работи во период од еден месец. Одуката е донесена од Советот на општината, како дополна на Програмата за социјална, здравствена и детска заштита за 2022 година.
Водедена е можност за ангажирање дваесет лица, корисници на загарантирана минимална помош, за спроведување јавни работи до крајот на годината.
-Програмата предвидува ангажман на десетина лица месечно, со што социјално-ранливите групи лица ќе можат да спроведуваат активности и работи од јавен интерес за граѓаните и заедницата, а истовремено, ќе ги подобрат семејните буџети. Ангажираните лица ќе спроведуваат: чистење улици и локални патишта, чистење на водотранспортни објекти, собирање паднати лисја на јавни и зелени површини, собирање отпад и чистење депонии, подигнување и одржување зелени површини, чистење снег од јавни површини и други слични јавни работи по потреба, информираат од  општина Крива Паланка.
Периодот на ангажираните невработени лица, како што посочуваат од општината, ќе изнесува 22 работни дена, за што е предвиден месечен надомест од 11.000 денари, а за време на ангажирањето на корисниците, минимална парична помош нема да им се укине.
Заинтересираните лица можат да се информират и пријават во општината кај лицето назначено за јавни работи, а избор на пријавените кандидати ќе врши посебно назначена комисија. ид/дма/

Остани поврзан