• петок, 22 ноември 2024

Општина Крива Паланка меѓу општините со најтранспарентни веб-страници во државата

Општина Крива Паланка меѓу општините со најтранспарентни веб-страници во државата

Крива Паланка, 30 октомври 2024 (МИА) – Општина Крива Паланка се најде на листата на општини со најтранспарентни веб-страници во државата според резултатите од мониторингот на веб-страниците на општините и Центрите за развој на планските региони што ја објави Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап на информации од јавен карактер на РС Македонија.

- Агенцијата спроведе мониторинг на веб-страниците на општините и Центрите за развој на планските региони, кои како иматели на информациите се обврзани да ги објавуваат на своите официјални веб-страни.Според анализата на резултатите и извршената проверка, најтранспарентни се Општина Валандово и Општина Демир Хисар со 64 бода, Пробиштип со 60, Крива Паланка 58 бода, а по нив следуваат Берово и Битола со 57.5 односно 57 бодови. Општина Крива Паланка според оваа анализа бележи пораст на транспарентноста со скок од три места споредено со претходната година, што за нас како единица на локална самоуправа е показател за значително подобрување на проактивната транспарентност и отчетноста во нашата работа пред граѓаните, информираат од службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

На ниво на Североисточниот плански регион Крива Паланка е лидер, со високи 91 отсто транспарентност, пред најголемата Општина во овој регион, Куманово, која покажа 77 отсто транспарентност на информациите објавени на официјалната општинска веб-страница.

Високи 70 отсто транспарентност во Североисточниот регион бележи и Кратово, 70, додека Липково, Старо Нагоричане и Ранковце се со околу 40 проценти. ид/ир/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан