Општина Карпош: Да се отстрани нелегалниот верски објект во Злокуќани
- Инспекторатот одредил 15 дена рок за доброволно отстранување на нелегалниот објект и ги повикал одговорните лица на средба во општината денеска во 9.30 часот, но тие досега не се дојдени.
Скопје, 10 јануари 2022 (МИА) - Инспекциската служба на Општина Карпош во сабота, 8 јануари, излезе на терен поради информациите за нелегалното градење на верски објект во населбата Злокуќани. Во моментот кога е извршена контролата, не се вршени градежни дејствија.
Како што соопштија општинските власти, Инспекторатот одредил 15 дена рок за доброволно отстранување на нелегалниот објект и ги повикал одговорните лица на средба во општината денеска во 9.30 часот, но тие досега не се дојдени.
Во случај да не биде доброволно отстранет објектот во предвидениот рок, од општината посочија дека случајот ќе биде пријавен и во Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.бт/лв/