Општина Кавадарци ги исплати половина од средствата за спортски клубови, здруженија и невладини организации
- Општина Кавадарци денеска ја исплати првата половина од планираните финансиски средства наменети за сите спортски клубови, здруженија и невладини организации, по претходно поднесено барање, п

Кавадарци, 16 септември 2022 (МИА) - Општина Кавадарци денеска ја исплати првата половина од планираните финансиски средства наменети за сите спортски клубови, здруженија и невладини организации, по претходно поднесено барање, попладнево информираа од кавадаречката локална самоуправа.
-Горди сме на сите успеси од сите спортисти и спортски клубови. Се надеваме дека со ова ќе ги поттикнеме за уште повеќе и уште поголеми успеси. Затоа што тие се наши амбасадори, нашата гордост и секогаш ќе ја имаат нашата поддршка. Кавадарци е спортски град. Сега и во иднина, потенцираат од кавадаречката локална самоуправа.
Нагласуваат и дека Општината и понатаму, како и досега, ќе ги поддржува спортските клубови, здруженијата и невладините организации. свд/цр