• недела, 22 декември 2024

Општина Илинден собра шест тони стакло за рециклирање

Општина Илинден собра шест тони стакло за рециклирање
Скопје, 15 јуни 2021 (МИА) - Општина Илинден собра шест тони стакло за рециклирање во рамките на учеството во регионалниот проект „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан“, информираат од општината. Оттаму дополнуваат дека проектот, кој што се реализира од страна на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ), Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и компанијата Пакомак, се спроведува во три држави: Србија, Македонија и Босна и Херцеговина, а општина Илинден е една од првите шест општини и градови во регионот во кој се спроведуваат активности за унапредување на системот на собирање на стаклена амбалажа и адекватен третман на овој отпад. Со самото учество во проектот Општината добила 18 нови контејнери за селектирање на стаклена амбалажа, така што во моментов располага со вкупно 38 контејнери за селектирање на стакло, распоредени на повеќе локации низ општината. Целта на Проектот „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан”, е воспоставување на економски вредносен синџир на рециклирање стакло во регионот. ар/сп/

Остани поврзан