• четврток, 16 мај 2024

Општина Илинден постави заштитна ограда на мостот на локалниот пат Кадино-Миладиновци

Општина Илинден постави заштитна ограда на мостот на локалниот пат Кадино-Миладиновци
Скопје, 22 септември 2022 (МИА) - Општина Илинден информира дека продолжуваат со имплементација на активностите со цел поголема безбедност во сообраќајот, особено на критичните точки кои претставуваа опасност за учесниците во сообраќајот. На мостот на локалниот пат Кадино-Миладиновци денеска е поставена заштитна ограда од двете страни, со вкупна должина од 50 метри. Дополнително, поставена е флуоресцентна патна сигнализација долж целиот потег, како и флуоресцентна лента по должината на мостот. Увид на градежните активности изврши градоначлникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски,  кој истакна дека обезбедувањето на заштита на критичните точки на територија на општината, е еден од важните приоритети во работењето на локалната самоуправа, затоа и во наредниот период фокусот ќе биде на решавањето на останатите критични точки, со цел поголема безбедност на учесниците во сообраќајот. дма/са/

Остани поврзан