Општина Илинден изврши реновирање на домовите на култура во Бујковци, Бучинци, Дељадровци и Ајватовци
- Во изминатиот период Општина Илинден изврши реновирање на домовите на култура во населените места Бујковци, Бучинци, Ајватовци и Дељадровци. Овие културни објекти, кои се од особена важност за жителите на општината, добија целосно обновен лик и значително подобрена функционалност, се вели во соопштението од Општина Илинден.
Скопје, 17 септември 2025
Во изминатиот период Општина Илинден изврши реновирање на домовите на култура во населените места Бујковци, Бучинци, Ајватовци и Дељадровци. Овие културни објекти, кои се од особена важност за жителите на општината, добија целосно обновен лик и значително подобрена функционалност, се вели во соопштението од Општина Илинден.
Во рамки на реновирањето беше опфатено бојадисување на внатрешните и надворешните ѕидови, замена на старите и дотрајани врати и прозорци, менување на постоечката кровна конструкција, како и изведување на други занаетчиски работи.
Реновирањето продолжува и во другите населени места во рамки на општината. Градоначалникот Александар Георгиевски изврши увид во објектите, нагласувајќи дека целта е да се унапреди културниот живот на локално ниво преку создавање современи и пријатни простори за уметничко изразување, дружење и активно граѓанско учество.

Домовите на култура, не се само места за културни настани, туку вистински центри за социјална интеракција и креативност, отворени за сите генерации. Посебен акцент се става на создавањето услови за младите, но и за повозрасните жители, кои со овие реновирани објекти добиваат простор каде можат квалитетно да го поминуваат слободното време.
Со оваа иницијатива, Општина Илинден прави значаен чекор напред во зајакнување на културниот и општествениот живот, градејќи визија за заедница во која културата, креативноста и соработката се во центарот на вниманието.
Општина Илинден
Фото: Општина Илинден