• петок, 05 декември 2025

Општина Илинден изврши надградба на пумпната станица ОКТА во Јурумлери

Општина Илинден изврши надградба на пумпната станица ОКТА во Јурумлери

Скопје, 21 јули 2025

Во пумпната станица ОКТА во Јурумлери, која обезбедува водоснабдување за населените места Миладиновци, Бујковци, Текија, Дељадровци и Рафинерија ОКТА, Општина Илинден изврши целосна реконструкција и надградба на пумпниот систем. Проектот има за цел да ја зголеми ефикасноста на системот и да ги намали енергетските трошоци, што ќе обезбеди стабилно и одржливо водоснабдување за сите корисници.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски изврши директната проверка на напредокот и ефектите од реконструкцијата на пумпната станица и истакна дека сите подобрувања резултираат со значително намалување на трошоците за електрична енергија и зголемена енергетска ефикасност на пумпната станица. Со оваа надградба, пумпната станица ОКТА постигнува поголема сигурност и оптимизирано управување со водоснабдувањето, што ќе биде од корист за сите корисници на системот.

Во рамките на проектот беше инсталирана пумпа со моќност од 135 kW за собирниот колектор, а постојните бунарски пумпи со моќност од 15 kW се заменети со нови, енергетски поефикасни пумпи од 11 kW, со работна ефикасност од 81%. Оваа промена значително ја намалува потрошувачката на електрична енергија и го оптимизира функционирањето на системот. За дополнителна флексибилност, секоја пумпа е опремена со индивидуален фреквентен регулатор, кој овозможува оптимизирана работа и заштита на пумпите.

Новиот систем за автоматско управување, базиран на ПЛЦ контролер, овозможува централизирана контрола на пумпите и интеграција на постојната опрема, што значително ја зголемува оперативната ефикасност. Пумпите кои остануваат во режим на резерви се подготвени за употреба во случај на потреба, што ја подобрува надежноста на целиот систем. Дополнително, во собирниот базен се инсталирани нови нивометри и сонда за притисок, што овозможува прецизно следење и автоматска регулација на процесите, така што пумпите се активираат или деактивираат согласно потребите.

 

Општина Илинден

_____________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан