Општина Илинден: Граѓаните за првпат ќе може да изнајмуваат електрични возила
- Поставени на три локации на територија на општината, односно на паркингот кај Домот на култура „Илинден“, на паркингот кај спортската сала „Гоце Делчев“ и на паркинг - просторот кај спортско - рекреативниот центар во Марино, граѓаните преку инсталирање апликација на својот мобилен уред, ќе можат да го користат електричниот автомобил. На истите локации каде се наоѓаат автомобилите ќе бидат поставени и електрични полначи за истите. Автомобилите се под името на брендот „Авант“ - „Avant2GO“, се додава во соопштението.
Скопје, 25 август 2025 (МИА) - За првпат граѓаните на општина Илинден ќе имаат можност да изнајмуваат електрични автомобили за своите потреби. За таа цел, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на „Авант кар“, Мартин Милевски, потпишаа меморандум за соработка. Преку тој меморандум се овозможува на територија на општината, воведување и имплементација на систем за дистрибуција на автомобили со 100 отсто електрична енергија, се наведува во денешното соопштение на локалната самоуправа.
- Поставени на три локации на територија на општината, односно на паркингот кај Домот на култура „Илинден“, на паркингот кај спортската сала „Гоце Делчев“ и на паркинг - просторот кај спортско - рекреативниот центар во Марино, граѓаните преку инсталирање апликација на својот мобилен уред, ќе можат да го користат електричниот автомобил. На локациите каде се наоѓаат автомобилите ќе бидат поставени и електрични полначи за истите. Автомобилите се под името на брендот „Авант“ - „Avant2GO“, се додава во соопштението.

Според Георгиевски, општина Илинден од ден на ден станува сѐ поубава и помодернизирана. Целта била, како што се наведува во соопштението, да се подобри квалитетот на живот преку создавање напредни решенија за одржлива мобилност.
- Ние ја следиме визијата за чиста, едноставна, ефикасна и достапна подвижност, што дејствува како платена услуга само кога ни е потребна. Споделувањето на електричните возила е самопослужување краткорочен наем на разни воспоставени електрични возила по претходно утврдени локации 24 часа на ден, секој ден во годината. Преку апликацијата што треба да биде инсталирана на паметен телефон - од резервација до плаќање, корисникот може да земе возило во секое време, се потенцира во соопштението. бд/вј/
Фото: Општина Илинден