Општина Демир Хисар на прво место според даночна транспарентност
- Општина Демир Хисар е водечка општина според интензитетот на даночна транспарентност за 2024-2025 година.
Демир Хисар, 5 август 2025 (МИА) - Општина Демир Хисар е водечка општина според интензитетот на даночна транспарентност за 2024-2025 година.
Од секторот за односи со јавност на Општина Демир Хисар посочија дека според истражување на Центарот за економски анализи од Скопје и објавениот извештај за Фискална транспарентност кај општините-буџетска и даночна транспарентност, Општина Демир Хисар е водечка општина според интензитетот на даночна транспарентност за 2024-2025 година.
-Општина Демир Хисар освен што е водечка општина, туку е и во групата на општини кои се издвојуваат како даночно најтранспарентни. Ова претставува уште една потврда за позитивните резултати кои подолг период наназад ги остварува општинската администрација а посебна сатисфакција за вработените во одделенијата за финансиски прашања и внатрешна ревизија на Општина Демир Хисар, информираа од тамошната локална самоуправа.
Од извештајот се воочува дека со оценка висок степен на даночна транспарентност оценети се пелагониските општини Битола, Прилеп, Ресен и Крушево. мт/мд/
Фото: МИА