• четврток, 18 декември 2025

Општина Демир Хисар локалниот буџет ќе го креира со граѓанско учество

Општина Демир Хисар локалниот буџет ќе го креира со граѓанско учество

Демир Хисар, 18 декември 2025 (МИА) - Општина Демир Хисар го објави предлог буџетот на општината за 2026 година кој пред да биде донесен од општинскиот Совет, ќе биде креиран од граѓаните чии предлози се очекуваат на платформата „МЗАЕДНИЦА“.

Во 2026 година Општина Демир Хисар ќе има буџет од 289,7 милиони денари кои во најголем дел ќе се кумулираат од даночните приходи, но и од неданочни приходи.

-Апелираме за активно вклучување во креирањето на локалните политики, планови и програми а секако најбитно е креирањето  на буџетот за 2026 година. Предлозите може да се посочат преку интерактивната платформата за комуникацијата „МЗАЕДНИЦА“ со што секо граѓани може да продонесете кон реализација на потреби, кои се под надлежност на општината, истакна од тамошната локална самоуправа.

Според јавно објавениот буџет на Општина Демир Хисар, поставен на веб-страицата на општината, за капитални расходи предложени се 66,6 милиони денари кои во најголем дел се однесуваат за изготвување на проектна документација за изградба на инфраструктурни објекти патишта, водоводи, канализации, спортски објекти, улично осветлување и други проекти.

Предлог буџетот ќе биде разгледан и гласан на седница на Советот на Општина Демир Хисар закажана за 29 декември.мт/са/

Фото: МИА

Остани поврзан