• петок, 05 декември 2025

Општина Демир Хисар го слави Денот на ослободувањето на градот

Општина Демир Хисар го слави Денот на ослободувањето на градот

Демир Хисар, 2 септември 2022 (МИА) - Општина Демир Хисар, Денот на ослободувањето на градот, 2. Септември ќе го одбележи со свечена седница на Советот на општината и пригодна празнична програма.

Според востановената традиција, претпладнево делегации на општината ќе положат цвеќе на спомен обележјето на Стојан Лазаровски и споменик на демирхисарските револуционери, а на свечената седница ќе се обратат претседателот на Општински одбор на сојуз на борци – Демир Хисар, Менде Солунчевски и градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски.

Во рамки на празничната програма ќе биде промовирана  монографија посветена на легендарната демирхисарска музичка група Бисер „Бисерни години - естрадни маки големи‟ од авторот Благоја Шундовски. мт/дма/

Остани поврзан