• четврток, 28 март 2024

Општина Делчево и граѓански организации подготвуваат стратегија за соработка

Општина Делчево и граѓански организации подготвуваат стратегија за соработка

Делчево, 22 март 2023 (МИА) - Во Делчево во тек се подготовки за изработка на стратегија за соработка на општината и граѓанските Организации. За таа цел остварена е работна средба помеѓу Невладината организација „КХАМ“ Делчево и тимот на градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски на која се разговараше за понатамошните активности во рамки на оваа иницијатива.

-Градоначалникот ја прифати понудата да се сретне со 14 локални граѓански организации, да се дефинираат конкретните чекори за периодот кој следи, со што и ќе се реализира даденото ветување од предизборниот период, информираа од НВО„КХАМ“.
 
Граѓанскиот сектор, како што дополнија, игра важна улога во остварувањето на ветувањата од страна на политичарите.
 
-Граѓанските организации секогаш треба да вршат притисок, за да можат политичките партии и лицата кои што се кандидираат и претендираат да дојдат на власт, партиципативно да ги изградат своите програми и нивните ветувања да се реализираат, додадоа од НВО „КХАМ".
 
Оваа активност е дел од проектот „Да се реализира ветеното“ и е во рамки на проектот „Подршка на изборни реформи“  на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација, за изборни системи (ИФЕС). вс/лв/
 
Фото: МИА

Остани поврзан