Општина Дебар објави Јавен повик за членови на Локалното собрание за млади
- Согласно член 17 од Законот за младинско учество и младински политики и Статутот на општина Дебар, Иницијативниот одбор при Општина Дебар распиша јавен повик за членство во Локалното собрание за млади.
Дебар, 25 април 2025 (МИА) – Согласно член 17 од Законот за младинско учество и младински политики и Статутот на општина Дебар, Иницијативниот одбор при Општина Дебар распиша јавен повик за членство во Локалното собрание за млади.
- Повикот е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ќе ги исполнат предвидените критериуми, стои во повикот.
Во однос на критериумите, апликантите треба а имаат активности на територијата на Општина Дебар, да се основани и активни најмалку една година пред објавата на овој повик, да се жители на Општина Дебар и да се на возраст од 15 до 29 години.
- Задача на членовите на Локалното Собрание на млади ќе биде меѓу другото да работат на спроведување на активностите на Собранието и да учествуваат во подготовка на документи а работата на истото се координира и помага од страна на службеникот за млади во Општина Дебар, се додава во повикот.
Се посочува дека конкретните цели, задачи и начин на работа на членовите на Локалното Собрание на млади се опишани и објаснети во Прирачникот за Локални младински совети, донесен од страна на Агенцијата за млади и спорт.
Рокот за пријавување е до 2 мај а пријавите со потребните документи се доставуваат на е- маил: dibra@dibra.gov.mk или во архивата на Општина Дебар, ул. „8-Ми Септември“ бр. 72, 1250 Дебар, со назнака: Апликација за членство во локалното Собрание на млади. вт/цр
Фото : МИА