• сабота, 21 декември 2024

Општина Градско со еднократна парична помош од 10.000 денари за секое новороденче

Општина Градско со еднократна парична помош од 10.000 денари за секое новороденче

Велес, 18 јануари 2023 (МИА) - Општина Градско од први јануари годинава ќе доделува еднократна парична помош од 10.000 денари за секое новороденче со постојано живеење на нејзина територија.

Градоначалникот Киро Нацков вели дека децата се најголемо богатство и затоа треба да вложува во нив.

- Општина Градско е прва општина во земјава што на децата им нуди бесплатен престој во градинка. Досега, тоа право го искористија 40 дечиња кои ја посетуваат градинката во Градско. Општината лани додели и стипендија за најдобар основец, средношколец и студент, посочува Нацков.

Тој најави дека и во буџетот за 2023 година продолжуваат со материјална и друга поддршка за децата во општината. ад/бд/

Остани поврзан