Општина Гевгелија објави јавен повик за работно ангажирање на 25 лица за заштита и превенција од пожари и пошумување
- Општина Гевгелија објави јавен повик за работно ангажирање на 25 невработени лица за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување) согласно мерката 6.2 од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување на пазарот на трудот за 2025 година усвоен од Владата на Република Македонија, објавија од Општината.
Гевгелија, 11 јули 2025 (МИА) - Општина Гевгелија објави јавен повик за работно ангажирање на 25 невработени лица за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување) согласно мерката 6.2 од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување на пазарот на трудот за 2025 година усвоен од Владата на Република Македонија, објавија од Општината.
Во објавата се наведува дека работното ангажирање на невработените лица ќе биде реализирано за период до најмногу 5 (пет) месеци. За кандидатите кои ќе бидат избрани и работно ангажирани се предвидува да им биде исплатен износ од 24.000 денари месечно со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход.
Право на аплицирање имаат евидентирани невработени лица во АВРМ- активни баратели на работа, исполнувајќи ги следниве услови- да имаат општа здравствена и психофизичка способност и да се на возраст до 55 години.
Заинтересираните невработени лица пријавите за учество во мерката треба да ги достават во Агенција за вработување- Центар за вработување Гевгелија, во периодот од од 10 до 17 јули од 08:00 до 15:00 часот. рт/дма/
Фото: МИА архива