• петок, 22 ноември 2024

Општина Гевгелија: Граѓаните од утре можат да пријават штета од вчерашното невреме

Општина Гевгелија: Граѓаните од утре можат да пријават штета од вчерашното невреме

Гевгелија, 3 јули 2024 (МИА) - Општина Гевгелија ги известува граѓаните дека од утре можат да пријават штети од вчерашното невреме кое го зафати регионот. 

Како што соопштија од локалната самоуправа, Општинската комисија за утврдување на висината штетите од елементарни непогоди и друго несреќи констатирала дека невремето проследено со пороен дожд, град и ветер предизвикало сериозни штети на посевите во селата Миравци, Милетково, Петрово, Габрово, Смоквица и Серменин.

Штетите се пријавуваат со барање за утврдување на висината на штетата, а за земјоделците со опис на културата, број на насад и година на садење. Во прилог на барањето потребно е да се достави имотен лист или договор за закуп на земјиште или објект, копија од лична карта и трансакциска сметка. рт/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан