• четврток, 21 ноември 2024

Општина Гевгелија го објави конкурсот за доделување на наградата „Седми ноември“

Општина Гевгелија го објави конкурсот за доделување на наградата „Седми ноември“

Гевгелија, 26 септември 2024 (МИА) - Општина Гевгелија го објави Конкурсот за доделување на општинската награда „Седми ноември“ која се доделува на секои пет години на физички и правни лица.

Наградата се доделува како знак на признание на локалната самоуправа за остварувања во стопанството, науката, публицистиката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот, творештвото, што претставува посебен придонес за развојот на Општината и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во државата и надвор од неа.

Наградата за значајни остварувања се доделува на физички и правни лица - државјани на Република Северна Македонија, жители на Општина Гевгелија, односно со седиште во општина Гевгелија доколку се работи за правни субјекти. По исклучок, заради посебен придонес кон напредокот и афирмацијата на општина Гевгелија, се доделува и на физички и правни лица надвор од општината.

Наградата се доделува за остварувања во изминатиот период помеѓу две јубилејни одбележувања на општинскиот празник, како и за подолг изминат период (за животно дело) кој претставува заокружена творечка или континуирана работна целина.

Конкурсот трае заклучно со 12 идниот месец, а формулар за конкурирање за наградата може да се подигне во Општината или на веб-страницата на Општина Гевгелија (www.gevgelija.gov.mk).

Предлозите се поднесуваат по пошта или во Архивата во Општината, во два примерока, до Комисијата за утврдување предлози за доделување на Општинската награда „Седми ноември“. рт/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан