Општина Гази Баба подели 300 хуманитарни пакети за Курбан Бајрам
- Општина Гази Баба со помош од општествено одговорни луѓе и компании, вчера и денеска поделија 300 хуманитарни пакети на семејства од муслиманска веросиповед по повод муслиманскиот празник Кур

Скопје, 8 јули 2022 (МИА) - Општина Гази Баба со помош од општествено одговорни луѓе и компании, вчера и денеска поделија 300 хуманитарни пакети на семејства од муслиманска веросиповед по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам.
Градоначалникот Бобан Стефковски на својот фејсбук профил истакнува дека хуманоста е нивна одлика и оти така ќе продолжат и во иднина.
- Гази Баба е мултиетничка општина во која сложно живеат македонци, албанци, турци, роми, власи, бошњаци и сите останати. Заедно живееме и се почитуваме. Изминатиот период за време на велигденските празници поделивме 200 хуманитарни оброци, а за време на новогодишните празници поделивме над 500 хуманитарни пакети, напиша Стефковски.фф/дма/