• недела, 22 декември 2024

Општина Велес ќе учествува во инклузивен проект за деца и лица со попреченост што ќе се реализира на езерото „Младост“ 

Општина Велес ќе учествува во инклузивен проект за деца и лица со попреченост што ќе се реализира на езерото „Младост“ 

Велес,  22 февруари 2021 (МИА) - Општина Велес ќе учествува во имплементација на проектот „Инклузивен смарт туризам-рекреативни  содржини и услуги за еднаков пристап до туристичката атракција езеро Младост“.

Проектот предвидува уредување  и опремување на инклузивно игралиште со две тактилни патеки и реквизити соодветни за користење од страна на деца и лица со попреченост од посетители од земјава и странство, а кое ќе се гради до Еко кампот над велешкото езеро „Младост“, како и уредување на пристап до плажа до вода за лица со попреченост.

Оваа активност во голем дел е веќе реализирана од страна на Општина Велес преку уредување на инклузивната плажа на езерото како учество во проект. Останува да се изведе и платформата за пристап до вода за лица со попреченост.

-За вклучување на Општина Велес во проектот  во висина од 2,3 милиони денари од буџетот на Општината беше одлучено на последната 71 седница на Советот на Општина Велес одржана месецов информира за МИА, претседателот на Советот, Ќирил Гајдов.

Вкупната вредност на проектот  е  во висина од 11,2 милиони денари, а најголемиот дел од изнесот  8,9 милиони денари се обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.

-Со оваа активност ќе се подобрат условите за рекреација во околината на езерото „Младост“ за  децата и лицата со попреченост, а со што општината ќе обезбеди додадена вредност на заложбите за развој на првата СМАРТ транзитна дестинација во државата, потенцира Гајдов.

Инаку Општина Велес интензивно работи на проектот „Смарт езеро Младост“ финансиран од ЕУ, во чии рамки се гради  Еко камп  и Парк на авантури  и други интересни содржини за посетителите со кои езерото „Младост“ треба да прерасне во атрактивна туристичка дестинација за посетители од земјава и странство. ад/рп/

Остани поврзан