Општина Велес ќе бара нов закупец за градскиот пливачки базен
- Во втората половина на март Општина Велес треба да распише јавен повик за издавање на градскиот пливачки базен на пет години. Тоа ќе биде преку електронски систем за јавно надавање. Ваквата одлука беше донесена на последната седница на Советот на Општина Велес, која едногласно ја усвоија советниците.

Велес, 5 март 2025 (МИА) - Во втората половина на март Општина Велес треба да распише јавен повик за издавање на градскиот пливачки базен на пет години. Тоа ќе биде преку електронски систем за јавно надавање. Ваквата одлука беше донесена на последната седница на Советот на Општина Велес, која едногласно ја усвоија советниците.
Како што информираат за МИА од службите на Општина Велес, деновиве проценителите треба да направат репроценка на објектот, по што треба да ја направат почетната цена, а потоа посебна Комисија на Општина Велес ќе го изработи јавниот повик каде ќе се објави и почетната цена.
Инаку со одлука на Советот на Општина Велес, постигнатата месечна закупнина при јавното наддавање, закупецот ќе ја плаќа за три месеци во тековната година јули, август и септември. Во останатите девет месеци закупецот на Општина Велес ќе и плаќа месечно закупнина од три илјади денари.
Општината го раскина договорот со претходниот закупец, откако две години не плаќал кирија на Општина Велес. На прашање на МИА, како ќе се постапува во овој случај за наплата на долгот, од Општина Велес информираат дека случајот веќе е предаден на адвокат и постапката за наплаќање на закупнина по неисплатен долг ќе биде наплатена согласно мехаизмите на законската регулатива, меѓу кои еден од механизмите е и присилната наплата на долгот.ад/са/
Фото. МИА