• понеделник, 23 декември 2024

Општина Велес со намера да организира автобуски градски превоз до велешко езеро „Младост“ само ако граѓаните покажат интерес

Општина Велес со намера да организира автобуски градски превоз до велешко езеро „Младост“ само ако граѓаните покажат интерес
Велес, 8 јули 2021 (МИА) - Општина Велес преку средствата за јавно информирање ќе направи јавна анкета со цел да се утврди колкав е интересот на граѓаните за посета на велешкото езеро „Младост“ со организиран автобуски превоз.Во зависност од бројот на заинтересирани граѓани кои ќе сакаат летните денови да ги поминат на езерото, ќе се утврди дали општината ќе организира превоз само во деновите од викенд или пак и за време на работните денови, информира градоначалникот Аце Коцевски. Тој појасни дека потоа ќе се знае во кои денови ќе се обраќаат автобусите, во колку часот ќе тргнуваат, како ќе биде организирана линијата, на кои автобуски постојки ќе можат да се качуваат и кога ќе биде враќањето од езеро назад кон Велес. -Целта ни е да им излеземе во пресрет на граѓаните и да го направиме езерото „Младост“ што подостапно за нив. Уште повеќе кога завршуваат преостанатите активности од проектот „Паметно езеро „Младости “ и откако ќе биде дограден Детскиот забавен парк за деца со попречености, информира Коцевски.ад/свс/

Остани поврзан