• петок, 22 ноември 2024

Општина Велес обезбеди амбалажирана вода за пиење и канистер со вода во селото Сопот

Општина Велес обезбеди амбалажирана вода за пиење и канистер со вода во селото Сопот

Велес, 24 март 2020 (МИА) - Поради неисправноста на водата за пиење од природната чешма во селото Сопот, а со цел задоволување на потребите за вода на жителите од селото, Општина Велес обезбеди достава на амбалажирана вода за пиење и канистер со вода за техничка употреба.

Доставувањето започна денеска, по заклучокот од вчерашната Седницата на Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Велес.

Од Опшината информираат дека ова уследило по анализа на водата од страна ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес, а по што стручниот тим од Центарот предупредил дека водата од природната чешма во селото Сопот не смее да се користи за каква било намена поради енормното присуство на индикатори за фекално загадување. ад/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан