• петок, 21 февруари 2025

Општина Велес и годинава ќе организира базар по повод 8  Март

Општина Велес и годинава ќе организира базар по повод 8  Март

Велес, 19 февруари 2025 (МИА) - Општина Велес и годинава ќе организира 8-мо Мартовски базар и ги повикува заинтересираните граѓани, правни и физички лица да поднесат барање за тезга во Граѓански сервис центар. Во барањето, како што велат од Општината, треба да биде наведено со што ќе учествуваат на базарот со цвеќе или со ракотворби и да остават телефон за контакт. Рокот за пријава за учество на базарот е до 28 февруари.

Од Општина Велес појаснуваат дека заедно со барањето правните лица треба да достават копија од тековна состојба, а физичките лица копија од лична карта.

Базарот по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, ќе се одржи од 3 до 8 март во центарот на Велес, на платото пред Основен суд Велес. ад/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан