Општина Василево го уреди фудбалскиот терен во Пиперево
- Раководството на ФК „Единство“ од Пиперево и Општина Василево заеднички извршија подготовка на теренот на големото фудбалско игралиште во ова село, соопштија денеска од локалната самоуправа.
Струмица, 10 ноември 2025 (МИА) - Раководството на ФК „Единство“ од Пиперево и Општина Василево заеднички извршија подготовка на теренот на големото фудбалско игралиште во ова село, соопштија денеска од локалната самоуправа.
Градоначалникот на Василево, Славе Андонов, најави реконструкција и на соблекувалните со финансиски средства обезбедени од општинскиот буџет.
-Теренот на големото фудбалско игралиште во Пиперево се подготвува за натпреварите од Општинската лига. По барање на управата на ФК „Единство“, Општина Василево обезбеди механизација за рамнење на теренот. Дополнително, ќе обезбедиме и средства за реконструкција на соблекувалната на ова фудбалско игралиште, се наведува во пренесената изјава на Андонов.
Инаку, ФК „Единство“ од Пиперево, по поголема пауза, од оваа сезона се враќа на теренот и се натпреварува во рамки на Општинската фудбалска лига на Струмица. рт/дма/
Фото: Општина Василево