Општина Бутел им додели финансиска помош на спортските клубови
- Општина Бутел денеска на спортските клубови од оштината им додели финансиска помош од четири милиони денари.

Скопје, 19 декември 2024 (МИА) - Општина Бутел денеска на спортските клубови од оштината им додели финансиска помош од четири милиони денари.
- Искрено се надевам дека оваа финансиска помош ќе им помогне на клубовите и ќе стимулира нови државни, балкански, европски и олимписки шампиони.
Спортот е клучен фактор за развивање на поквалитетно и поздраво општество, додека пак врвните спортски резултати како ништо друго помагаат во градење на нацијата и државата. Општина Бутел е најспортска општина во Македонија согласно постигнатите спортски успеси, а веќе сме и лидери во спортска инфраструктура, напиша градоначалникот Дарко Костовски на Фејсбук. бак/
Фото: Фејсбук на Дарко Костовски